УТРО.мк

Ново семејство евакуирано од Израел – МНР потврдува лет до Атина

Ново семејство евакуирано од Израел – МНР потврдува лет до Атина
Vero

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека утре ќе се реализира нова евакуација на четири македонски државјани од Израел – мајка со три деца. Евакуацијата е организирана преку израелското Министерство за транспорт, во рамки на летови наменети за странски државјани кои го напуштаат Израел. Летот ќе се реализира на релација Тел Авив – Атина.

Со оваа евакуација, заедно со претходната спроведена на 17 јуни со владин авион, бројот на македонски граѓани кои изразиле интерес за заминување од Израел достигна 25. Сепак, не сите се подготвени да ја напуштат земјата веднаш. Се очекува наредните денови уште граѓани да добијат можност за евакуација.

Министерството преку Амбасадата во Тел Авив останува во редовна комуникација со македонските државјани, обезбедувајќи целосна поддршка сè до нивната безбедна евакуација.

Граѓаните можат да се јават на СОС бројевите:

📞 +389 75 273 732 / +389 75 268 736

или на дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:

📞 +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Министерството повторно апелира да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток каде безбедносната состојба е сериозно влошена.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран