
Граѓаните од денеска можат директно да патуваат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, соопшти Министерството за транспорт и врски. Оваа линија отвора нови можности за туристи и придонесува кон економски развој на регионот.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави дека веќе од 29 март ќе биде пуштена во употреба и нова директна линија од Охрид до Милано, што дополнително ќе го зајакне меѓународното поврзување на Македонија.
„Развојот на авиосообраќајот е еден од врвните приоритети на Владата. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, што резултираше со значително проширување на мрежата на дестинации“, изјави Николоски.























