УТРО.мк

Николоски на средба со стопанските комори од Битола и Прилеп

Николоски на средба со стопанските комори од Битола и Прилеп
Vero

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе одржи заеднички состанок со регионалните стопански комори од Битола и Прилеп, на кој во фокус ќе бидат инфраструктурните проекти во Пелагонискиот Регион.

Како што информираат од Министерството за транспорт, на состанокот ќе се дискутира за тековната динамика и идната реализација на повеќе значајни инфраструктурни зафати кои се сметаат за клучни за економскиот развој на регионот.

Средбата се очекува да отвори прашања поврзани со подобрување на патната и деловната поврзаност, како и унапредување на условите за стопанисување во Пелагонија, една од најважните економски зони во државата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран