УТРО.мк

МВР: Од вторник започнува тестирање на камерите!

МВР: Од вторник започнува тестирање на камерите!
Vero

Министерството за внатрешни работи (МВР) испрати важно известување до сите учесници во сообраќајот. Од наредниот вторник (20 јануари) започнуваат интензивни активности поврзани со проектот „Безбеден град“, кои можат да предизвикаат привремени прекини на сообраќајот.

Во наредните десет дена, екипите на МВР ќе вршат техничко прилагодување на системот за видео надзор.

Што ќе се случува на улиците?

Во периодот од 20.01 (вторник) до 31.01 (сабота), ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден во дневниот термин од 08:00 до 20:00 часот.

Можни се целосни стопирања

Она што е најважно за возачите е предупредувањето за можни застои.

  • За време на спроведувањето на овие активности,возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

Прво на ред е Скопје

Од МВР прецизираат дека во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран