УТРО.мк

Мицкоски: За првпат по долго време има повеќе барања за поврат отколку за отпис на македонското државјанство

Мицкоски: За првпат по долго време има повеќе барања за поврат отколку за отпис на македонското државјанство
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека годинава, за првпат по долг временски период, бројот на барањата за поврат на македонското државјанство е поголем од бројот на барањата за отпис.

Според него, од почетокот на 2026 година се поднесени околу 672 барања за поврат на македонското државјанство, додека околу 318 лица побарале отпис од државјанството.

„Можам да кажам дека од почетокот на годинава за првпат после долго време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис. Ова е прва година после не знам колку време тоа да се случи. Дали е случајно, дали е некој знак и дали тоа нешто значи не би можел да кажам, но верувам во македонскиот народ и во македонските граѓани и верувам во потенцијалот“, изјави Мицкоски.

Тој оцени дека економските перформанси на Македонија во последните две години се подобри отколку во дел од земјите-членки на Европската Унија и истакна дека државата располага со значителен човечки потенцијал.

„Јас сум универзитетски професор и знам каков потенцијал сум образувал, знам со каков потенцијал располагаме. Тоа што исто така го знам е дека можеме многу повеќе, и покрај тоа што има такви сили кои не сакаат оваа држава да успее и шират дефетизам“, нагласи премиерот.

Тој додаде дека засега не може да каже дали зголемениот број барања за поврат на државјанството претставува случајност или показател за поширок тренд, но оцени дека податокот е охрабрувачки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin