
Премиерот Христијан Мицкоски, синоќа во седиштето на светската организaција во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на ОН, Антоиио Гутереш.
На средбата, како што соопшти канцеларијата на Гутереш, била истакнат одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија.
Гутереш и Мицкоски, исто така, разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.
Македонскиот премиер, претходно имаше обраќање на генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.















