УТРО.мк

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства
Vero

Председателот на Владата, Христијан Мицкоски, присуствуваше во Дебар на свеченото доделување на 47 социјални станови наменети за граѓани од социјално ранливите категории, при што порача дека Владата ќе продолжи да инвестира во проекти кои обезбедуваат достоинствени услови за живот.

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека право на користење на социјален стан имаат лица кои до својата 18-та година биле згрижени во институции и други облици на згрижување без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, припадници на ромската заедница, како и самохрани родители со малолетни деца.

„За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука и да имам можност, преку доделувањето на клучевите на едно семејство, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект, кој ќе биде иднина за многу лица и многу семејства“, рече Мицкоски.

Тој им посака здравје, среќа и долгогодишно користење на новите домови, нагласувајќи дека тие треба да бидат место на мир, сигурност и спокој за нивните жители.

„Ние како Влада ќе продолжиме и во периодот што следи дополнително да инвестираме во вакви проекти, со цел да обезбедиме подобри услови за живот за сите граѓани на кои им е потребна поддршка“, истакна премиерот.

Со пуштањето во употреба на новиот станбен објект во Дебар, 47 семејства и поединци од ранливите категории добија сопствен дом, што претставува значаен чекор во унапредувањето на социјалната политика и грижата за најранливите граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin