УТРО.мк

Мицкоски: Изјавите од Софија покажуваат дека барањата не се сведуваат само на Уставот

Мицкоски: Изјавите од Софија покажуваат дека барањата не се сведуваат само на Уставот
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека тврдењето на бугарското Министерство за надворешни работи, според кое „наместо македонски јазик постои достапен јазик“, само ги потврдува ставовите на македонската Влада дека барањата од Софија не се ограничени единствено на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Тој истакна дека ваквите позиции од бугарска страна не го изненадуваат и дека уште од самиот почеток било јасно оти станува збор за пошироки условувања поврзани со идентитетските прашања.

„Ова не треба да го чуди никого. Се потврдуваат тезите дека не е само Бугарите во Устав, туку обид за целосно редефинирање на македонскиот идентитет“, изјави Мицкоски по денешната Божиќна литургија во Соборниот храм во Скопје.

Премиерот нагласи дека, и покрај актуелните политички разлики, ова се денови кога е потребно обединување и заеднички настап за прашања од национален интерес. Тој упати повик до опозицијата да застане во одбрана на македонскиот идентитет и националните позиции.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран