УТРО.мк

Меџити: По обединувањето на ВЛЕН следува реконструкција на Владата

Меџити: По обединувањето на ВЛЕН следува реконструкција на Владата
Vero

Коалицијата ВЛЕН утре и официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, а еден од лидерите на коалицијата и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека веднаш по заокружувањето на овој процес ќе следува и реконструкција на Владата.

Меџити изјави дека со премиерот Христијан Мицкоски начелно е договорено да има реконструкција на владините ресори, но засега не се разговарало за конкретна распределба на министерствата.

„Ние сега сме фокусирани на ВЛЕН, штом ова го заокружиме, со премиерот начелно сме договорени дека има реконструкција на Владата. Но, само начелно. Не сме ги преговарале ни принципите, ни дали ќе останеме на овие ресори или ќе има замена на ресорите“, изјави Меџити.

Тој додаде дека во процесот не станува збор за поединци, туку за принципи на пет политички субјекти кои се претопуваат во една партија.

Според Меџити, со обединувањето ВЛЕН ќе стане посилен политички фактор со поголемо влијание кај албанскиот електорат.

„ВЛЕН со ова се факторизира, станува поголем и ќе има многу поголема апсорпциска моќ – особено кај независното членство и кај незадоволните од албанската опозиција“, рече тој.

Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори, од ВЛЕН сметаат дека актуелното парламентарно мнозинство е стабилно и дека нема потреба од нов изборен циклус.

Денед, на 9 мај – Денот на Европа, ВЛЕН ќе го одржи првиот конгрес како нова политичка партија. Според најавите, новиот субјект ќе има двајца копретседатели – Изет Меџити и Билал Касами, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран