УТРО.мк

Марјан Неделкоски избран за координатор на Македонски Концепт во Битола

Марјан Неделкоски избран за координатор на Македонски Концепт во Битола
Vero

Општинскиот комитет на Македонски Концепт (ОК на МК) во Битола со ново раководство. За координатор е избран Марјан Неделкоски, приватен стопанственик, дипломирал менаџмент на ФТМ Скопје, татко на две деца.

Заменик координатор е избрана д-р Јасмина Димитровска Босилкова, доаѓа од банкарски сектор, магистер по бизнис администрација МБА менаџмент и доктор по јавна администрација со објавени над 10 научни трудови на домашни и меѓународни научни конференции и со 20 години работно искуство во финансии и осигурување, лиценциран осигурителен брокер, мајка на едно дете.

Илија Митревски, долгогодишен активист и еден од основачите на партијата Македински Концепт е избран за секретар на О.К Битола.

Тој е техничар за транспорт и шпедиција, со доусовршување по менаџмент, со што стекнал знаења во областа на организација, управување со тимови и стратешко планирање. Татко на две деца.

На координативниот состанок присуствуваше и претседателот на партијата д-р Петар Богојески, универзитетски професор и политички активист, кој потекнува од битолскиот крај на Македонија. Во неговото излагање го истакна значењето на Битола за македонството и визијата на Македонски Концепт за општината и генерално за преспанско – пелагонискиот крај. Координаторот Неделкоски истакна нескрена мотивиранист за локален настап и развој на партиската структура во градот и околните општини. Заменик координаторот Босилкова во своето излагање изнесе дел од локалната програма за економски и институционален развој на Битола и грижа за огромното иселување на населението, особено младите лица.

Политичката партија Македонски Концепт е дел од владината коалиција Твоја Македонија и на последните локални избори беше дел од партиите кои дадоа поддршка за избор на актуелната локална самоуправа во Битола. Тие најавија и критичен однос кон слабостите кои е неопходно да се надминат, со цел да не се повтори разочарување на граѓаните во политиките на управување со општината и државата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран