УТРО.мк

Летови кон Италија, Полска и Австрија: Пет нови авиодестинации од Македонија ова лето

Летови кон Италија, Полска и Австрија: Пет нови авиодестинации од Македонија ова лето
Vero

Владата продолжува со стратегијата за проширување на авио-поврзаноста на земјата, и покрај турбуленциите во глобалниот авио-сектор и отсуството на договор со „Рајанер“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој порача дека државата останува подготвена за соработка со сите заинтересирани авиокомпании, но нагласи дека нема простор за прифаќање услови кои, како што рече, би биле на штета на други превозници или на националните интереси.

„Субвенционираме со 9 евра по секој патник што доаѓа на скопскиот аеродром и 12 евра за летови кон Охрид. Секој што сака да работи според тие правила е добредојден, но не можеме да прифатиме условувања“, изјави Николоски.

Во рамки на најавената експанзија на авио-мрежата, тој соопшти дека летово ќе бидат отворени пет нови линии. „Австриски ерлајнс“ ќе воспостави директна рута Виена–Охрид, додека во јуни се очекува старт на нови летови од Краков и Вроцлав кон Охрид. Скопскиот аеродром, пак, ќе се поврзе со Палермо и Алгеро на италијанските острови Сицилија и Сардинија.

Дополнително, Николоски информираше дека „Визер“ ќе го зголеми своето присуство со стационирање на седми авион во Скопје, а компанијата разгледува и можност за воспоставување база во Охрид.

Во однос на снабдувањето со гориво за авијацијата, министерот истакна дека државата располага со резерви над законски пропишаното ниво, додавајќи дека дел од регионалните аеродроми веќе се снабдуваат со керозин од Македонија.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран