УТРО.мк

ЛДП предлага доверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП предлага доверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори
Vero

Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе предложи измени на Изборниот законик со кои доверениците што Владата ќе ги назначи во општините каде поради недостиг на цензус не се избраа градоначалници, нема да можат да се кандидираат на повторените избори.

Измените се однесуваат на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а целта е да се спречи добивање нефер предност од страна на доверениците, како и да се намали ризикот од злоупотреби и несовесно работење додека трае нивната функција.

Оваа иницијатива следи по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, што, по 30 години, ќе ја укине заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.

Според ЛДП, усвојувањето на овие измени ќе овозможи фер и транспарентен политички натпревар, без сомнежи за дополнителни злоупотреби или политички влијанија. Владата ќе именува довереници само во општините каде не беа избрани градоначалници.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран