УТРО.мк

Колумна на Виктор Грозданов за НетПрес: Левичарски лажовчини

Колумна на Виктор Грозданов за НетПрес: Левичарски лажовчини
Vero

„Кога будалата ќе се здобие со моќ, прва работа која ќе ја направи е да ги замолчи мудрите. Следната работа е да собере други будали околу себе. Последната работа која има намера да ја направи е да ја уништи нацијата“ –  Платон

Од средината кон крајот на колумната

За жал овие Левичарски Лажовчини немаат поима дека работат за руските интереси. За да можам да го поткрепам ова со реалноста, во следната колумна јавно ќе го објавам одговорот на бордот на инвеститори на рудникот Иловица Штука кон рускиот рудник Бучим. Бучим во периодот 2017-2020 година со знаење на делови од тогашната владина коалиција во која учествува чедо на руски шпиун кој пак го кодоши Драган Богдановски во 1969 година има изнесено 3.5 тони злато. Тоа е класична кражба. Затоа ние металурзите одлучивме да не молчиме. Прочитајте малку подоле каков предлог идеја имаме до остварување.

После примитивно простачките теории на заговор за комплетно загадување на државата преку новиот закон за заштитата на животната средина, кои левичарите сакаат да ги престават како апокалиптични за македонското општество имам морална обврска да одговорам со речникот на кој го користат научниците. Без разлика дали своето знаење го создале низ теоретски или практичен дел, сепак со огромна доза на државност и верност кон Македонија. Научниците во брзо време ќе се обратат на јавноста и државата со предлог мерки како да се заштити Македонија од загадување, а во исто време има јавноста да биде едуцирана дека новите технологии во индустријализацијата се многу понапредни од оние кои биле употребувани во втората половина на минатиот век, пред се во периодот на индустријализација на Македонија 1950-1984 година. Впрочем овој период најубаво го објаснува г-динот Петар Гошев во неговото последно интервју кога вели: Југославија (тоа важи и за Македонија) од аграрна држава се претвора во индустриски развиена со просек од шест проценти годишен финансиски раст.

Да бидам прецизен за Македонија. Во 1945 година Македонија имала како аграрна држава пет развиени гранки, сточарство, тутун, афион (инаку европските фармацевтски куќи во периодот помеѓу двете светски војни користеле 43% од македонскиот афион, опиум), лозарството и слабо развиено земјоделие. Со индустријализацијата сме добиле развиено и модерно земјоделие и лозарство.

Се поставува едно многу едноставно прашање, Зошто Македонија при огромни количевства на бакар да не произведува негов производ бакарен сулфат за потребите на земјоделието (поточно за како фунгицид во земјоделството и како главна суровина за додаток во исхраната, бакарниот сулфат за храна може да се користи како хелатор и бистрерач во процесот на производство на конзервирани јајца и вино)? Затоа како учесник во работната група на Здружението на Металурзи на Македонија на општата јавност имам право да и соопштам одговори на две од дванаесте клучни прашања на граѓаните. За почеток. А тие се.

Како да го спречиме глобалното загадување по сите градови и каде е државата? Зошто би ги дале рудниците на странски инвеститори и да ни го украдат нашето богатство?

Одговорот е многу едноставен.

Првенствено во сите правосудни органи и во МВР и АНБ во делот на организиран криминал ќе бидат вработени инженери кои веднаш знаат да препознаат загадување (металурзи и технолози). Не надворешни вештаци. Директно вработени како истражители.

Понатаму. Се создава комунална еколошка милиција. Таа ќе биде составена на почетокот од поранешни, а сега пензионирани припадници на МВР и АРМ (инспектори, началници, обични полицајци, припадници на специјалните сили итн) како и припадници на ОНА. Сите овие ќе добијат краток шестмесечен курс по екологија, металургија и технологија, пред се да научат кој и како загадува. Законот дозволува нивен ангажман , а овие личности се повеќе од спремни и имаат три квалитети: не се плашат, знаат да напишат записник и знаат да следат и информираат надредени.

Решението е многу едноставно. Одлуката е тешка. Политичарите ќе докажат дали имаат храброст.

П.С. Го информирам јавно Филипче Венко кој демек разбира загадување и металургија заедно со неговите Левичарски Лажовчини да присуствуваат на следниот конгрес на Металурзите на следниве теми: Неврохирургија без употреба на метален инструмент туку со баење, црна магија и космички трикови, како и на другата тема: Левичарските Лажовчини и Филипче Венко пет километри подалеку од државни институции поради пандемична алергија од нив.

П.П.С. Го замолуем јавно Филипче Венко ако моит да ми даде и на мене од државните пари едно пет до шест илјади евра за да не ме јајт со лања по маало шо дужам. Македонија е многу мала.

Почеток на колумната

Кога ќе се каже Левичарски Лажовчини мислам дека и најголемиот лажов Барон Минхаузен има да им се поклони. Ќе дадам три примери за лажењево.

Амар Мециновиќ, граѓанскиот опзициски миленик кој сакаше да биде градски татко на Скопје, лажеше во споредбите  за скопското Кале и белградски Калемегдан. Едно е да кажеш дека скопско Кале е слободно шеталиште и несмее да биде наплатен влез, а друго е да лажеш дека на Калемегдан е целосно слободен влезот и во музеите. Воениот музеј на Калемегдан наплаќа наши 184 денари, а во негов склоп е и Белградската Зоолошка Градина, која исто така наплаќа влез. Значи, Амар Мециновиќ е еден обичен Левичарски Лажго. И тоа за ситница, а тек за друго…

Неговата другарка Јована Мојскоска ни соопшти дека имаме странски капитал во соодветни фирми и дека нашите служби работат за туѓи бели дворови, за наши црни гробови.

Да така е. Вашиот колега големиот еко активист и пратеник Сашко Јанчев учествуваше во сообраќајна несреќа со смртни последици во која почина шеснаесетгодишно момче од Скопје, и ни докажа како се работи за сопствен бел двор и туѓ црн гроб.

И наместо да покаже грам човечност, тој сеуште си зема плата (неговиот бел двор) од народот во Македонија и се потсмева на правосудните органи. Како? Кога прашав обвинител, за кои сега пензионираните негови колеги велат „од стара мајка дете“, за тоа како трае волку долго судскиот процес, ми одговори едноставно. Неговата пратеничка функција му носи влијание врз судството. Затоа ако има грам совест човечка не само кај него туку и кај неговите колеги Левичарски Лажовчини, мора да си даде оставка и да бара милост од родителите на убиеното дете. За мене Сашко Јанчев е УБИЕЦ.

Ама без Филипче Венко ништо не бива. Он е главен на овие Левичарски Лажовчини. Изјави од ракав и што е најтрагично од политички очај. Мислиш Биг Лале магионичар дека е. Ама за жал кој стигне го мафтосуе. Дава изјави од ракав. Да кажеш дека се бори за пратеник е срамота. Доктор генијалец.

Комрад Филипче Венко не се подавај кај што не ти е место. Ќе се изненадиш од документите. Знаеш дека Виктор секогаш ти пишува вистина. Јас бар те пцујам поштено, а овие другиве те лажат.

Вистината е следна, свесно или несвесно работиш за русите.

Продолжуваме следниот петок

Да живее Македонија!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран