УТРО.мк

Касами омекна пред вториот круг: Не можам да го поддржам Дехари, иако е Албанец

Касами омекна пред вториот круг: Не можам да го поддржам Дехари, иако е Албанец
Vero

„Јас не можам да застанам во поддршка на еден кандидат кој му наштети на Кичево,“ изјави Билал Касами, кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово, во интервју за ТВ Алсат-М.

Запрашан дали ги омекнал ставовите за Кичево откако, како што беше истакнато, го искарал премиерот Мицкоски, Касами одговори:

„Прво, не сметам дека имаше дисциплинирање. Напротив, треба да го имаме предвид контекстот, местото и медиумот во кој беше дадена една таква изјава, како и начинот на кој потоа беше пренесена – извадена од суштинската идеја. Нашите опоненти се обидоа на максимум да ја отворат етничката карта во овие избори. Таа изјава, која беше искрена во однос на целата ситуација, беше политички погрешно интерпретирана.“

Касами потоа ги појасни политичките позиции на коалицијата Вреди во однос на кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари.

„Сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам, а еден таков кандидат како Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ. Тој, додека владееше во Кичево, не им донесе ниту едно добро на кичевци. Напротив, е придружуван од снимки и прислушувања што се појавија на социјалните мрежи и покажуваат дека тој на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро. Иако во принцип би поддржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил подобар за сите граѓани, во овој случај не можеме да застанеме зад кандидат кој му наштети на градот. ДУИ, уште кога го извади Дехари, го извади за да го изгуби Кичево,“ изјави Касами.

На прашањето дали со оваа изјава се надоврзува на онаа дадена во Албанија, тој појасни:

„Не. Јас велам дека, додека сум градоначалник на Тетово, за мене сите граѓани се исти. Јас го побарав гласот и на Албанците, и на Македонците, Турците, Ромите – и работев за сите нив. Тетово е космополитски град, а сè што е реализирано во него го уживаат сите граѓани. Од таа позиција сметам дека Албанец може да биде добар градоначалник, исто како и било кој друг граѓанин, за било кој град – па и за Кичево. Тоа е принципиелен став. Но, конкретно за случајот со господинот Дехари – знаејќи што направил, или поточно што не направил за Кичево, и имајќи ги предвид прислушувањата за неговото минато во однос на моралот – не можеме да го поддржиме само затоа што е Албанец. Ќе беше подобро ДУИ да избере друг кандидат. Сакам да ѝ објаснам на јавноста дека Движењето Беса имаше свој кандидат, и Кичево и кичевци имаа можност да застанат зад човек кој жртвуваше сè за Кичево и за Албанците. Но, во првиот круг тие избраа поинаков кандидат, и знаат како ќе гласаат во вториот. Јас не можам да поддржам кандидат кој му наштети на Кичево – поради тоа денес половина од Кичево е надвор од градот и од општината,“ изјави Билал Касами.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран