
По трагичниот настан во скопската општина Карпош, каде мајка и ќерка загинаа по пад од балкон, Јавното обвинителство отвори предмет по сопствена иницијатива, реагирајќи на информации објавени во медиумите за наводни пропусти при инспекцискиот надзор во Центарот за социјални работи.
Според соопштението од Обвинителството, случајот е пренесен на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе спроведе детални проверки за да утврди дали во конкретниот случај има основа за кривично дело кое се гони по службена должност.























