УТРО.мк

Јане Ченто најавува нови правни чекори поврзани со предметот за 27 април против Вилма Рускоска

Јане Ченто најавува нови правни чекори поврзани со предметот за 27 април против Вилма Рускоска
Vero
sud
sud

Јане Ченто најавува нова иницијатива поврзана со случајот за настаните од 27 април, при што утре ќе бидат објавени информации за поднесување кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Рускоска.

Прес-конференцијата е закажана за 27 април 2026 година во 12 часот и ќе се одржи пред Основното јавно обвинителство. На неа, како што е најавено, Ченто ќе изнесе детали и аргументи поврзани со постапувањето во судските процеси што произлегуваат од настаните од 27 април, кои со години се предмет на јавни и политички дебати.

Во најавата се наведува дека ќе бидат презентирани информации поврзани со кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Рускоска, при што организаторите нагласуваат дека станува збор за отворање процес насочен кон утврдување одговорност и разјаснување на околностите околу целиот судски предмет.

Од таму додаваат дека на прес-конференцијата изјава за медиумите ќе даде и Јане Ченто, кој настапува во име на лицата опфатени со судската постапка поврзана со 27 април.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран