УТРО.мк

Интензивирање на работите на Коридорот 8: Објавен повик за надзор на железничката пруга кон Бугарија, градежните активности стартуваат летово

Интензивирање на работите на Коридорот 8: Објавен повик за надзор на железничката пруга кон Бугарија, градежните активности стартуваат летово
Vero

Објавен е јавниот повик за избор на надзор за третата фаза од железничката делница кон Бугарија, со што се отвора уште една клучна етапа во реализацијата на железничкото поврзување во рамки на Коридорот 8. Паралелно, институциите најавуваат дека во рок од околу десет дена ќе следи и тендерот за избор на изведувач, по што се очекува градежните работи на терен да започнат во текот на летото.

Информацијата ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, кој пред почетокот на работната средба посветена на развојот на Коридорот 8 истакна дека проектите се движат во предвидената динамика. Средбата се одржа во Скопје во соработка со претставници на Делегацијата на Европската Унија.

Николоски нагласи дека не станува збор само за еден инфраструктурен правец, туку за широк инвестициски циклус кој ги опфаќа и железничките и патните сегменти на Коридорот 8, со вкупна вредност проценета на околу 5 милијарди евра. Според него, ваквите проекти ја потврдуваат способноста на државата да реализира крупни и сложени инфраструктурни зафати.

Во своето обраќање, претставникот на ЕУ, Бен Нупнау, посочи дека Коридорот 8 има стратешко значење за целиот регион, со посебен акцент на неговата улога во подобрување на безбедноста и поврзаноста во актуелниот геополитички контекст. Тој оцени дека ваквите состаноци претставуваат јасен сигнал за континуираната посветеност на Владата кон спроведување на планираните активности.

На средбата, покрај железничките делници, биле опфатени и плановите за западното продолжение на Коридорот 8, како и за патната инфраструктура поврзана со овој транспортен правец, за кои надлежните институции велат дека се одвиваат задоволително според динамиката на реализација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран