УТРО.мк

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Страјкерите за македонската армија веќе се на пристаниште во Грција

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Страјкерите за македонската армија веќе се на пристаниште во Грција
Vero

Министерот за одбрана Владо Мисајловски информираше дека процесот за набавка на оклопните возила „Страјкер“ продолжува без застој и дека станува збор за технички амандман поврзан со инсталацијата на целокупната опрема.

Според Мисајловски, веќе 17 возила се пристигнати на пристаниште во Грција, а во моментов се работи на технички аранжман кој е побаран од страна на Соединетите Американски Држави, со цел усогласување на опремата и системите што дополнително ќе се вградуваат.

Министерот потенцираше дека амандманот нема финансиски импликации, туку има исклучиво технички карактер и е дел од стандардната процедура за ваков тип на воена опрема.

Со оваа набавка, Армијата на Република Македонија значително ќе ги зајакне своите капацитети и ќе го унапреди нивото на интероперабилност со НАТО-сојузниците.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран