УТРО.мк

Божиновска: Две години градиме силно Министерство за енергетика и сигурна иднина за државата

Божиновска: Две години градиме силно Министерство за енергетика и сигурна иднина за државата
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод две години од формирањето на Министерството порача дека институцијата од идеја прераснала во еден од клучните носители на политиките во енергетскиот сектор во државата.

„Оваа годишнина е повеќе од датум во календарот. Таа претставува можност да се осврнеме на едно историско патување кое започна со визија, а стана реалност благодарение на посветеноста, напорната работа и вербата во заедничката цел“, истакна Божиновска.

Таа потсети дека како прва жена на чело на Министерството имала чест и одговорност да учествува во неговото создавање од самите почетоци, во период кога немало воспоставени структури и претходни искуства врз кои би се градела институцијата.

Според неа, во изминатите две години биле изработени закони и подзаконски акти, зајакната била соработката со меѓународните партнери, реализирани биле бројни билатерални средби и иницирани значајни проекти насочени кон подобрување на енергетската безбедност, одржливоста и економскиот развој.

Божиновска нагласи дека постигнатите резултати биле препознаени не само во Македонија, туку и во Европа, САД и пошироката меѓународна енергетска заедница, што претставува потврда за професионалноста и стручноста на тимот во Министерството.

Во своето обраќање таа упати благодарност до сите вработени, оценувајќи дека нивната посветеност и истрајност овозможиле Министерството да се изгради како силна институција која ќе придонесува за енергетската независност на државата и подобро искористување на природните ресурси.

„Горда сум на сè што постигнавме заедно и уверена сум дека најдоброто допрва доаѓа“, порача Божиновска, честитајќи го вториот роденден на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin