
Новогодишните прослави повторно беа обележани со сериозни последици од неправилна употреба на пиротехнички средства. Според официјалните информации, седум лица се повредени, од кои пет се деца, а кај дел од повредените лекарите биле принудени да извршат ампутации поради тежината на повредите.
Министерот за здравство Азир Алиу упати силен апел до родителите и старателите да не дозволуваат пиротехника во рацете на децата, нагласувајќи дека ваквите средства претставуваат сериозна опасност и можат да остават трајни последици по здравјето.
Здравствените установи информираат дека повредите најчесто настануваат поради неконтролирано палење, неисправни средства или ракување без соодветна заштита, а најранливи се токму децата и младите.



























