УТРО.мк

АХВ со соопштение за производите на HiPP во Македонија

АХВ со соопштение за производите на HiPP во Македонија
Vero

Во врска со информациите што се појавија за повлекување на одреден производ за бебиња во неколку европски земји, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира за состојбата на домашниот пазар.

АХВ соопштува дека засега нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека во Северна Македонија е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP, во стаклено пакување од 190 грама со вкус на морков и компир, кој е предмет на истрага и повлекување во Австрија и дел од европските земји.

Од институцијата појаснуваат дека ја следат состојбата и дека ќе постапат навремено доколку се утврди потреба од дополнителни мерки за заштита на потрошувачите.

Дополнително, овластениот дистрибутер на HiPP во земјата писмено ја известил АХВ дека спорниот производ не е увезен во Северна Македонија и не е дистрибуиран на домашниот пазар.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран