
Маж е тешко повреден откако паднал од зграда во населбата Бара во бразилскиот град Салвадор. Драматичниот инцидент се случил во понеделникот, на 14 септември, на авенијата „Осеаника“, а моментот бил снимен од очевидци.
На видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како мажот виси од надворешната страна на објектот и се обидува да се спушти до понискиот кат. Во еден момент ја губи потпората и паѓа на улицата.
Според информациите што ги пренесуваат локалните медиуми и сведоци, тој наводно се обидувал да побегне откако бил затекнат во ситуација поврзана со прељуба. Се тврди дека бил во друштво на жена која била во врска со друг маж.

















