
Во Шангај ќе се одржи необичен натпревар во спиење, каде учесниците ќе се натпреваруваат кој ќе спие најдолго. Целта на настанот е да се подигне свеста за значењето на здравиот и квалитетен сон во современиот начин на живот.
Организаторите ги повикуваат учесниците да спијат што е можно подолго – најмногу до 24 часа, односно сè додека не се разбудат природно, без аларм или прекин.
Лицето кое ќе издржи најдолго во сон ќе ја освои наградата од околу 430 долари, како и симболичната титула „Бог на сонот“.
Интересот за натпреварот е огромен. Сите места за првиот термин веќе се пополнети, а и следниот датум е речиси целосно резервиран.























