УТРО.мк

Добра вест за граѓаните: Следува продолжен викенд

Добра вест за граѓаните: Следува продолжен викенд
Vero

Граѓаните во земјава ги очекува продолжен викенд, со оглед на тоа што претстојниот петок е прогласен за неработен ден за сите.

Имено, на 20 март се одбележува Рамазан Бајрам, односно првиот ден од големиот муслимански празник, кој согласно Законот за празниците на Република Македонија е неработен ден. Тоа значи дека граѓаните ќе имаат можност да уживаат во споен викенд и дополнителен одмор.

Покрај ова, во наредниот период следува уште еден празничен неработен ден. Велигден годинава се паѓа на 12 април (недела), а неработен ќе биде и вториот ден од празникот, односно понеделникот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран