УТРО.мк

Ретроградниот Меркур влегува во Лав: Хаос, предизвици и проблеми за четири хороскопски знаци

Ретроградниот Меркур влегува во Лав: Хаос, предизвици и проблеми за четири хороскопски знаци
Vero

Утре започнува силно влијание на ретроградниот Меркур во Лав: Четири хороскопски знаци ќе се најдат во хаос

Од 18 јули до 11 август, Меркур влегува во ретроградно движење во знакот Лав — период кој ќе донесе тензии во комуникацијата, одложувања и емоционални испади. Најмногу под удар ќе бидат Лавовите, Биковите, Водолиите и Шкорпиите.

Ретроградниот Меркур традиционално се поврзува со недоразбирања, прекини во комуникацијата и враќање на стари теми, додека Лавот како знак ја нагласува потребата за внимание, драматичност и егоцентричност. Оваа комбинација може да создаде експлозивна атмосфера – особено кај луѓето кои се навикнати секогаш да бидат во право.

Старите приказни повторно во игра

Во фокус може да се вратат поранешни љубовни врски, стари идеи или незавршени проекти. Наместо да се форсира нов почеток, овој период е погоден за преиспитување, анализа и затворање на одредени животни циклуси.

Егото како пречка

Интензивните емоции ќе бараат внимание, но успехот ќе зависи од способноста да се слуша, да се зборува со мерка и почит. Не се препорачува потпишување договори, набавка на техничка опрема или важни разговори, туку ревизија на претходни одлуки.

Ретроградниот Меркур во Лав не повикува на тишина, туку на искрена, но воздржана комуникација – од срце, но со одговорност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран