УТРО.мк

Посни пржени лепчиња: Лесен рецепт за секој ден

Посни пржени лепчиња: Лесен рецепт за секој ден
Vero

Кога Велигденскиот пост се ближи кон крајот, често се случува да изгубиме инспирација за мени и да се чувствуваме како да јадеме секој ден едно исто. Но, постои едноставно решение кое не бара да чекате до крајот на постот, вкусни посни пржени лепчиња.

За оваа вкусна идеја ќе ви бидат потребни: 10 парчиња леб, 4 лажици пченкарно и 4 лажици пченично брашно, прстофат прашок за печиво, сол и бибер по вкус, 5 лажици сенф, 250-300 мл млака вода и масло за пржење.

Подготовката е едноставна: прво измешајте ги сите суви состојки, потоа додадете го сенфот и постепено матете додека смесата не стане мазна и течна, со текстура слична на палачинки. Секое парче леб потопете го во смесата и пржете го во загреано масло по 2–3 минути од секоја страна, додека не добие убава златна кора.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран