УТРО.мк

Почнаа преднарачките за GTA VI во Македонија: Гејмерите веќе можат да го резервираат својот примерок

Почнаа преднарачките за GTA VI во Македонија: Гејмерите веќе можат да го резервираат својот примерок
Vero

Една од најочекуваните видеоигри на деценијата, Grand Theft Auto VI, официјално е достапна за преднарачка во Македонија преку продажната мрежа на Анхоч.

Новото продолжение на култната франшиза на Rockstar Games ќе биде објавено на 19 ноември 2026 година за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X|S. Љубителите на серијалот веќе можат да ја резервираат играта и да си обезбедат примерок пред официјалното лансирање.

GTA VI повторно ги враќа играчите во легендарниот Vice City, но овој пат со значително поголем и подетален свет. Дејството се одвива во државата Леонида, каде приказната ги следи Џејсон и Луција, двајца ликови кои по неуспешен грабеж се вплеткуваат во сложена криминална мрежа.

Покрај главните протагонисти, играта носи низа нови карактери, меѓу кои Кал Хемптон, Буби Ајк, Дре’Куан Прист, Реал Дајмез, Раул Баутиста и Брајан Хедер, секој со своја улога во криминалниот свет на Леонида.

Играчите ќе можат да истражуваат различни региони, меѓу кои Vice City, Леонида Кизови, Грасриверс, Порт Гелхорн, Амброзија и Маунт Калага. Од Rockstar Games најавуваат досега најголем и најдетален отворен свет во историјата на серијалот.

Од Анхоч информираат дека преднарачките се веќе активни, а интересот за играта е исклучително голем. Поради ограничените количини од првиот бран на испораки, гејмерите кои сакаат навреме да го обезбедат својот примерок се охрабруваат да направат резервација пред официјалното излегување на играта.

Grand Theft Auto VI важи за едно од најочекуваните изданија во гејминг индустријата, а милиони фанови ширум светот со години го очекуваат неговото пристигнување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin