Американскиот актер и режисер Роберт Редфорд почина на 89-годишна возраст, објави The New York Times. Според изјавата на Синди Бергер, извршна директорка на рекламната агенција „Rogers & Cowan“, Редфорд починал во сон во близина на Прово, Јута.
Редфорд беше една од најголемите холивудски ѕвезди во втората половина на 20 век, познат по улогите во култни филмови како „Буч Касиди и Санденс Кид“, „Сите луѓе на претседателот“, „Надвор од Африка“, „Неморалната понуда“ и „Шепкачот на коњи“.
Во 1980 година со својот режисерски деби филм „Обични луѓе“ освои Оскари за најдобар филм и најдобар режисер, но никогаш не доби Оскар за најдобар актер.
Покрај актерската и режисерската кариера, Редфорд остави трајно наследство како основач на Институтот Санденс и познатиот Санденс фестивал, кој со децении претставуваше најважна платформа за промоција на независниот филм.
Иако подоцна во животот се повлече од актерството, неговиот придонес за киното и поддршката на новите филмски таленти го направија една од највлијателните фигури во историјата на филмот.