
Од 19 јуни на астролошкото небо се случува значајна промена – Хирон, познат како „ранетиот исцелител“, по речиси половина век повторно влегува во знакот Бик. Иако неговиот прв престој во овој знак ќе трае до 17 септември, астролозите сметаат дека станува збор за вовед во циклус што ќе има силно влијание во наредните години.
По осумгодишниот престој во Овен, каде што фокусот беше ставен на идентитетот, самодовербата и личната храброст, Хирон сега го насочува вниманието кон финансиската сигурност, личните вредности и односот кон материјалниот свет.
Според астролошките толкувања, овој транзит ќе ги извади на површина старите несигурности поврзани со парите, чувството на сопствена вредност и стравот од загуба. Целта, велат астролозите, не е создавање нови предизвици, туку лекување на старите рани и создавање постабилна основа за иднината.
Најсилно влијание Хирон во Бик ќе има врз три хороскопски знаци.
За Биковите започнува период на длабока лична трансформација. Тие ќе работат на својата самодоверба, ќе се ослободат од старите сомнежи и ќе изградат посилна слика за себе.
Девиците ќе добијат можност за напредок преку образование, патувања и нови животни искуства. Овој период може да им помогне полесно да ги надминат ограничувањата што долго време ги задржувале на исто место.
Јарците, пак, ќе почувствуваат поттик во сферата на креативноста, љубовта и личното изразување. За многумина од нив ова ќе биде време кога конечно ќе ги покажат своите таленти и ќе стекнат поголема самодоверба.

















