УТРО.мк

Пилот искрено одговори колку заработува за само еден час: Луѓето збунето прашуваат – дали е ова нормално?

Пилот искрено одговори колку заработува за само еден час: Луѓето збунето прашуваат – дали е ова нормално?
Vero

Колку заработува еден пилот во САД? Примерот на првиот офицер Гарат Реј

Американскиот пилот Гарат Реј, кој активно споделува содржини на својот YouTube канал, открива колку заработува како прв офицер (копилот) летајќи од аеродромите во Њујорк. Неговата сатница изнесува 213,97 американски долари, односно околу 199 евра по летен час.

Но, пилотирањето не е класично работно време од 9 до 17 часот. Реј нагласува дека честопати има неработни денови без летови, како и долги паузи помеѓу два лета. Како пример го наведува летот од аеродромот ЏФК до Финикс, Аризона, по кој следува 24-часовно чекање до повратниот лет – ситуација која подразбира престој надвор од домот до 40 часа, а е платена само за 10 часа лет.

„Тоа не е најпрофитабилен сценарио“, вели Реј, додавајќи дека сè повеќе се ориентира кон рути кои овозможуваат поголем приход со минимални паузи.

За лет од над седум часа, Реј заработил 1.556 долари (околу 1.447 евра), при што бил надвор од базата нешто повеќе од девет часа.

„Ова е идеален случај. Станав многу рано, но веќе до 15 часот бев дома“, објаснува тој.

Во просек, месечно лета 80 часа и заработува околу 17.109 долари (приближно 15.921 евро). Со евентуално унапредување во капетан, неговата сатница би достигнала 350 долари (околу 325 евра), што би значело месечна заработка до 27.199 долари, односно околу 25.312 евра.

Еден од неговите неодамнешни летови опфатил релацијата ЛаГвардија – Далас – ЛаГвардија. Сите податоци ги пренесе британскиот Daily Mail.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран