УТРО.мк

Ново бебе во скопската Зоолошка градина носи празнична радост

Ново бебе во скопската Зоолошка градина носи празнична радост
Vero
jagne
jagne

Празничното утро во скопската Зоолошка градина годинава осамна со најубавата можна вест – нов живот. Токму на Божиќ, ЗОО доби нов жител: мало јагне, родено во духот на празничната радост, кое за кусо време стана миленик и на вработените и на посетителите.

Од Зоолошката градина велат дека јагнето е во одлична здравствена состојба, разиграно и љубопитно, а мајката будно и грижливо е покрај него. Овој природен и тивок празничен момент, како што посочуваат од ЗОО, носи посебна симболика – нов почеток, топлина и живот, токму во деновите кога се слават семејството и заедништвото.

Ваквите раѓања, особено за време на празниците, секогаш внесуваат дополнителна магија во Зоолошката градина. Тие се потсетник на убавината на природата и на радоста што ја носи секој нов живот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран