УТРО.мк

НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Мечка се нафрли врз автомобил и го откорна браникот како да е од хартија (ВИДЕО)

НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Мечка се нафрли врз автомобил и го откорна браникот како да е од хартија (ВИДЕО)
Vero

Неверојатна сцена е снимена на познатиот планински пат Трансфагарашан во Романија, каде мечка се приближила до автомобил во движење и му го откорнала задниот браник.

Инцидентот се случил додека возачите на патот забавувале за да ги набљудуваат и фотографираат мечките кои се движеле покрај коловозот. Еден од автомобилите минувал со многу мала брзина покрај мечката, кога животното одеднаш се приближило до возилото.

Мечката со забите и шепите го фатила задниот дел од автомобилот и успеала да го откорне браникот. Снимката од необичната средба набрзо почнала да се шири на социјалните мрежи. За среќа, никој од патниците во автомобилот не бил повреден.

Се претпоставува дека станувало збор за мечка со младенчиња и дека животното можеби реагирало поради страв или обид да ги заштити своите млади.

Надлежните повторно ги предупредуваат туристите дека средбите со диви мечки можат да бидат исклучително опасни. На посетителите им се советува да не им се приближуваат на животните, да не ги отвораат прозорците на автомобилите и во никој случај да не се обидуваат да ги хранат. Во Романија за хранење диви животни се предвидени казни од 10.000 до 30.000 леи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin