УТРО.мк

Netflix со историска зделка: го презема стриминг-бизнисот на HBO Max за 72 милијарди долари

Netflix со историска зделка: го презема стриминг-бизнисот на HBO Max за 72 милијарди долари
Vero

Netflix ќе го купи филмскиот и стриминг-секторот на Warner Bros Discovery за 72 милијарди долари, пренесува BBC. Со оваа мегазделка, која ги опфаќа франшизите „Хари Потер“ и „Игра на тронови“, како и платформата HBO Max, американската медиумска индустрија се соочува со најголемата трансформација во последната деценија.

Според извештаите, Netflix поднел највисока понуда – 28 долари по акција, надминувајќи ги Comcaste и Paramount Skydance. Paramount претходно понуди 24 долари по акција за преземање на целата компанија, вклучително и кабелските мрежи како CNN, но Warner Bros ја одби понудата. Новата понуда на Paramount, блиску до 27 долари по акција, дојде заедно со остри критики дека процесот на продажба е „скроен“ во корист на Netflix.

Експертите предупредуваат дека зделката ќе се соочи со сериозни предизвици од американските регулатори за пазарна конкуренција. Аналитичарката Ема Вол објаснува дека Netflix купува само делови од бизнисот што функционираат добро, за разлика од Paramount, чии понуди опфаќаа и „непрофитабилни сегменти“. Според неа, обвинувањата на Paramount кон Warner Bros ја ослабуваат нивната позиција: „Ако се карате за процесот, всушност ја поткопувате сопствената понуда“.

Доколку биде одобрена, аквизицијата би имала големи последици за Холивуд. Том Харингтон од „Ендерс Анализа“ вели дека спојувањето би предизвикало промена на индустриската динамика, бидејќи Netflix – платформа што минимално се потпира на кино-прикажување – ќе преземе бренд кој традиционално се темели на филмската продукција. Тој очекува значителни кратења во производството, што би можело да предизвика незадоволство кај синдикатите. Особено ранлива, според него, би била HBO, „креативниот бисер“ на Warner Bros.

За гледачите, последиците веројатно ќе се почувствуваат преку повисоки претплати. Харингтон предвидува дека Netflix ќе стане уште поскап, а со евентуално затворање или сведување на HBO Max, платформата ќе го зацврсти доминантното место на пазарот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран