Метеорскиот дожд Геминиди, еден од највпечатливите астрономски настани во годината, го достигнува својот максимум вечерва и утре навечер. Астрономите најавуваат одлични услови за набљудување, особено ако времето биде ведро, а најдобар поглед ќе имаат жителите на северната хемисфера, пренесува Би-Би-Си.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Метеорските дождови се појава што настанува кога Земјата минува низ облаци од остатоци зад комети или астероиди. Кај Геминидите, изворот е астероидот 3200 Фетон – редок пример каде метеорски дожд не потекнува од комета. Кога честичките прашина и карпи влегуваат во атмосферата, тие согоруваат и создаваат светли траги познати како „ѕвезди што паѓаат“.
Иако повеќето метеори се бели, дел од нив може да светат во зелена, жолта, црвена или сина боја, во зависност од хемискиот состав. Натриумот, магнезиумот и калциумот создаваат ефекти слични на огномет, што го прави овој дожд особено атрактивен.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
„На ведро ноќно небо може да се видат и до 100 метеори на час, што е исклучително многу. Ова е практично најсилниот метеорски дожд во годината“, изјави Роберт Маси, астроном од Кралското астрономско друштво во Велика Британија.
Оваа година, условите се поволни бидејќи Месечината е во опаѓачка фаза и ќе изгрее подоцна во текот на ноќта, што значи помало пречка за набљудување. Најдобар ефект ќе има од места далеку од градско осветлување, со чист и отворен поглед кон небото.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
Геминидите најдобро се гледаат во периодот од 22:00 до 2:00 часот по полноќ, а за набљудување не е потребна никаква опрема – доволно е само голо око и малку трпение.
„Ова е едно од ретките природни задоволства што се целосно бесплатни. Излезете, погледнете кон небото и уживајте – тоа е момент кога можете да заборавите на секојдневните грижи и да се поврзете со универзумот“, порачува д-р Маси.
Ezoic - wp_mid_content - mid_content
End Ezoic - wp_mid_content - mid_content



























