УТРО.мк

Морските микроорганизми ги разградуваат остатоците од Титаник

Морските микроорганизми ги разградуваат остатоците од Титаник
Vero

На длабочина од околу 3.800 метри во студениот Северен Атлантик, остатоците од легендарниот брод Титаник тивко лежат повеќе од еден век, но времето за „непотопливиот“ гигант истекува. Експертите предупредуваат дека рушевините полека се распаѓаат, а некои делови од бродот можат целосно да исчезнат во следните години.

Микроорганизмите кои го разјадуваат челикот на бродот, се главните причинители за состојбата на истиот. Тие создаваат специфични ’рѓосани структури, познати како „рустикли“, кои со текот на времето ја прават конструкцијата кршлива и ранлива. Паралелно, бродот страда од постојаното влијание на морските струи, солената вода и огромниот притисок на длабочината на океанот.

Подводните снимки откриваат дека некогаш моќните палуби и надградби се урнати, а на одредени места останала само тенка метална обвивка, како сенка од некогашниот величествен брод. Научниците предупредуваат дека во наредните дваесетина години, од Титаник можеби ќе останат само купчиња ’рѓа. Некои проценки дури укажуваат дека значителни делови од бродот може да исчезнат дури до 2030 година.

Во меѓувреме, научните и истражувачките мисии се обидуваат да го „спасат“ Титаник на друг начин, дигитално. Со напредна фототехника, експедициите создадоа стотици илјади високо резолутивни фотографии, кои се комбинираат во детални тродимензионални модели на бродот. На овој начин, дури и ако оригиналниот брод со времето се распадне, неговата виртуелна верзија ќе овозможи идните генерации да го истражуваат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран