УТРО.мк

Божиновска најави поддршка за ранливи домаќинства со инвертер клими

Божиновска најави поддршка за ранливи домаќинства со инвертер клими
Vero

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за практична реализација на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Целта е обезбедување инвертер клима уреди за домаќинствата на кои поддршката им е најпотребна, како конкретна мерка против енергетската сиромаштија.

Компаниите кои вршат трговија со високоефикасни инвертер клима уреди можат да се пријават за учество, а правото го имаат сите правни субјекти регистрирани во Централниот регистар.

За граѓаните се обезбедуваат ваучери до 28.000 денари за набавка и инсталација на клими со најмалку енергетска класа А+, со вклучена монтажа и гаранција од минимум две години, без дополнителни трошоци.

По завршување на јавниот оглас, ќе бидат објавени компаниите кај кои ќе може да се набавуваат уредите и листата на корисници што стекнале право на субвенција, по што веднаш започнува процесот на набавка и инсталација.

Министерката Сања Божиновска истакнува дека ова е директна поддршка за граѓаните и инвестиција во достоинствен живот и пониски сметки.

ЈАВЕН ОГЛАС За пријавување на интерес од страна на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран