
Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен.

На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е голема чест, но и одговорност да се продолжи со истото темпо.
-И покрај тоа што оваа награда ми е доделена мене, наградата ја чуствувам како награда на целото мое свештенство кое работи заедно со мене на нивата Божја, како и на целиот верен народ кој несебично се вклучи во донациите за настраданите од Пулс. Сепак, оваа награда се однесува на 2025, година во која покрај другите постигнувања низ Европската епархија, најзначајна ни е секако врачената донација. Би го споменал уште и ова. Читајќи ги коментарите на веста за резултатите се посомневав во тоа колку ме сака и почитува верниот народ, но кога ќе се спореди бројот на навредливите коментари со бројот на гласови кои го одлучуваа победникот, останува само да се заблагодарам на сите оние што го дадоа својот глас за мене. Убави се овие награди, но сепак догодина би сакал личности на годината да бидат успешни луѓе, без оглед на годините како на пример малиот Македон Димитровски, и многу други вакви млади шампиони, математичари, физичари!, изјави Пимен.

Читателите на Религија.мк, го избраа отец Пимен за личност на 2025 година за значаен придонес во општествената и црковната јавност.
Изборот беше во рамки на одбележување на 10 години од постоењето на интернет порталот Религија.мк.























