УТРО.мк

Лина Настевска и Драган Николов од Скопје во финалето на Топ модел Европа

Лина Настевска и Драган Николов од Скопје во финалето на Топ модел Европа
Vero

Скопје беше домаќин на балканското полуфинале на Топ модел Европа (Top Model Europe), кое неодамна се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност.
Младите модели Лина Настевска и Драган Николов ги добија гласовите на публиката и обезбедија директен пласман во големото финале, Топ модел Европа , кое ќе се одржи на 6 декември во Белград, Србија.


Модна креаторка на висока мода во Париз и директорка на Топ модел Европа, Шалева, како организатор на овој настан успеа да ги спои младите модели и дизајнери, бидејќи покрај натпреварувачкиот карактер, ова беше добра можност за обединување на младите таленти, модните креатори и уметници.


„Платформата има за цел да открива и промовира нови лица, да ја поттикнува самодовербата и да им овозможи на младите модели да ги покажат своите способности, да стекнат искуство и да направат чекор кон европската и меѓународната модна сцена. Притоа, поврзува таленти, култури и креативни визии од различни земји“, рече Шалева на модната вечер, на која присуствуваа вљубеници во модата кои ја поддржаа оваа идеја.
Беа претставени седум модни презентации, со различни модни стилови, креативни пристапи и авторски визии.


Особено значаен момент беше официјалното претставување на брендот Ар ју кул (Are U Kul) на Фросина Кулакова, преку кој нејзиното семејство продолжува да ја негува нејзината креативна визија и моден сон.


Свои колекции претставија и Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Тим Понграц, Александар Префо Рашковиќ, Акикас и Чани Марија.


Посебен уметнички момент на вечерта беше „Асфиксија – перформативна изложба“, уметничка изведба на сликарот Драган Божино, кој преку својата презентација покажа како уметноста и моделингот можат да се поврзат во единствен сценски израз.


Со балканското полуфинале, Скопје стана дел од меѓународната приказна на Топ модел Европа, истакнувајќи го потенцијалот на регионот во модата, моделингот и креативните индустрии.


Настанот ја нагласи важноста на создавањето нови можности за младите, нивната професионална афирмација и поврзувањето со пошироката европска модна сцена.
Следната голема станица е Белград. Големото финале на натпреварот ќе се одржи на 6 декември 2026 година.

Фото : Ајса Ѓорѓиовски / @gorgiovski_photography i INAMI Studio

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран