УТРО.мк

Името Македонија се споменува 21 пат во Новиот завет од Библијата

Името Македонија се споменува 21 пат во Новиот завет од Библијата
Vero

Името Македонија се споменува 21 пат во изданието на Новиот завет анализирано во трудот „Библиска Македонија – туристички предизвик“ од Никола В. Димитров. Истражувањето е објавено во 2023 година во списанието „International Journal of Economics, Management and Tourism“, кое го издава Факултетот за туризам и бизнис-логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Еден од најпознатите пасуси е во „Дела на апостолите“, 16:9, каде што е опишано ноќното видение на апостол Павле. Пред него се појавува Македонец со повикот: „Премини во Македонија и помогни ни“. Во следниот стих видението е поврзано со одлуката да се замине во Македонија и да се проповеда Евангелието.

Трудот ги разгледува споменувањата на Македонија и сродните називи во апостолските патувања и посланијата. Авторот наведува вкупно 30 споменувања, од кои четири се во поднаслови, а 26 во библиските стихови. Пребројувањето се однесува на користеното издание од 2017 година.

Покрај анализата на текстот, истражувањето ја разгледува можноста библиското наследство да се претстави преку верски и културен туризам. Во фокусот е поврзувањето на библиските сведоштва со патувањата на апостол Павле и нивното значење за промоција на културното наследство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран