УТРО.мк

ИДЕА ЛАБ домаќин на регионалниот PROI самит на независни PR агенции

ИДЕА ЛАБ домаќин на регионалниот PROI самит на независни PR агенции
Vero

Како единствена македонска агенција во PROI Worldwide, ИДЕА ЛАБ ги пречекува агенциите членки од земјите од Европа, Блискиот Исток и Африка на дводневен самит под темата „The Independent Edge: The Human Advantage in the Age of AI“

Од денеска, па во наредните два дена, Скопје е домаќин на регионалниот самит на PROI Worldwide – глобална мрежа на независни PR и комуникациски агенции. На дводневниот самит, кој ќе се одржи на 1 и 2 октомври во хотел „Мериот“, ќе учествуваат претставници на PROI агенциите членки од земјите од Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA). Домаќин на самитот е ИДЕА ЛАБ, единствената македонска агенција која е дел од мрежата.

Во пресрет на официјалниот почеток на работната програма, попладнево учесниците ја посетија ИДЕА ЛАБ, каде што имаа можност поблиску да се запознаат со тимот и работата на агенцијата. Во рамки на средбата, ИДЕА ЛАБ ја претстави и својата годишна стратегија, како дел од активностите на агенцијата во рамки на PROI Worldwide.

„The Independent Edge: The Human Advantage in the Age of AI“ е темата на годинешниот самит, посветен на промените што вештачката интелигенција ги носи во комуникациската индустрија и на човечкиот фактор како важна предност во новото технолошко време.

Во фокусот ќе бидат новите начини на работа, креативноста и можностите што ги отвора AI, но и размената на искуства и идеи меѓу професионалците од PROI агенциите од различни пазари. Самитот ќе отвори и разговори за тоа како комуникациската индустрија се менува со развојот на новите технологии и што значи да се задржи човечката перспектива во тој процес.

ИДЕА ЛАБ е дел од PROI Worldwide од 2021 година. PROI Worldwide денес обединува повеќе од 90 независни PR и комуникациски агенции со присуство во повеќе од 60 земји, а ИДЕА ЛАБ е единствениот нејзин партнер од Македонија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран