УТРО.мк

Грција става крај на евтините сместувања во апартмани – Летувањето станува луксуз за богати по драстичното зголемување на даноците

Грција става крај на евтините сместувања во апартмани – Летувањето станува луксуз за богати по драстичното зголемување на даноците
Vero

Од октомври 2025 година, во Грција стапија на сила нови строги правила и даночни мерки кои значително го поскапуваат изнајмувањето на апартмани и други сместувачки капацитети. Овие промени, кои веќе се чувствуваат во 2026-та, го менуваат туристичкиот пејзаж и го прават летувањето за многумина поскапо од порано.


Грчките власти воведоа ригорозна регулатива за сите што нудат сместување – од приватни сопственици до туристички домаќини. Според новите правила:
Секој објект што се издава мора да помине стручна сертификација – која чини околу 600 евра.


На сите приходи од изнајмување сега се пресметува фиксна даночна стапка од 15%, а на тоа се додаваат и туристички такси кои варираат според локацијата.


Овие трошоци доведоа до тоа што некои сопственици веќе најавуваат дека нема да може да издаваат по пониски цени, па гости­те ќе плаќаат значително повеќе за сместување отколку порано.


Дополнителни ограничувања според новиот закон:
Едно лице може да издава најмногу два објекти како физичко лице. Ако има повеќе, се третира како бизнис со повисоки даноци и обврски.


Надоместоците и административните трошоци за странски сопственици може да достигнат стотици евра годишно, бидејќи мора да ангажираат овластени сметководители и правни застапници за да ги исполнат новите барања.


Платформи како Booking и Airbnb се задолжени да ги поврзат податоците со грчката даночна управа – а неисполнување на обврските може да доведе до глоба од 5.000 евра или забрана за издавање.

Поскапување на туристички услуги


Иако новата регулатива е дел од обидите да се спречи нелегалното издавање и да се заштити локалниот пазар, реалната последица е високо поскапување на одморите во Грција. Се забележува:
Зголемување на цените на пакетите за летување за околу 10–12%, а според проценките на експертите, до почетокот на сезоната можеби ќе следи вистински „ценовен шок“.


Ова особено ги засега туристите кои планираат да изнајмат апартмани, вилите или станбени единици преку онлајн платформи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран