
Звукот на зурлите и тапаните повторно одекнува низ камените улици на Галичник. На Петровден, селото во срцето на Мијачијата денес живее во знакот на „Галичка свадба 2026“ – една од најавтентичните и најпрепознатливи македонски културни манифестации.
Во центарот на вниманието се годинашните галички младенци Александар Пендароски и Мартина Михајлова, кои својата љубов ја крунисуваат следејќи ги вековните свадбарски обичаи на мијачкиот крај.
Нивната приказна годинава има и посебна семејна симболика. Точно 35 години по првата современа Галичка свадба во 1991 година, на која се венчале родителите на Александар, нивниот син денес станува галички зет и продолжува една семејна приказна длабоко поврзана со Галичник.


















