
Во Франција се зголемува вниманието кон контрола на бучавата во јавниот превоз, а неодамнешен случај во Нант покажува колку сериозно властите го сфаќаат нарушувањето на мирот на патниците. Маж познат само како Давид бил казнет со 200 евра откако зборувал на мобилен телефон преку звучник на железничката станица, пренесува punkufer.hr.
Давид разговарал со сестра си додека чекал воз на станицата Нант, користејќи го звучникот на својот телефон. Вработен од француската железница SNCF го замолил да ја намали јачината на звукот. Иако бил предупреден дека казната изнесува 150 евра, тој го игнорирал предупредувањето, мислејќи дека станува збор за шега, по што сумата била зголемена на 200 евра. Тој моментално ангажира адвокати за да ја оспори обврската за плаќање.
Иако во Франција нема закон што директно го забранува користењето на звучник на јавни места, постојат јасни правила за контрола на бучавата. Според францускиот сообраќаен законик, гласното користење на уреди кои го нарушуваат мирот на другите во јавниот превоз може да доведе до казна. На пример, гласно зборување на мобилен без звучник во јавните возови може да резултира со глоба од 60 евра.



























