УТРО.мк

Летното сметање започнува: Ефектите на сезонското поместување на часовникот

Летното сметање започнува: Ефектите на сезонското поместување на часовникот
Vero

Секоја последна недела од март, точно во ноќта на 29 март, стрелките на часовникот се поместуваат од два на три часот, означувајќи почеток на летното сметање на времето. Тоа значи дека денот ќе биде краток за еден час, ќе трае само 23 часа, но затоа вечерната светлина ќе се задржи подолго.

Главната цел на овој систем е да се искористи дневната светлина поефикасно. Зимското време го одразува вистинското астрономско време, додека летното го „одзема“ еден утрински час и го додава на вечерта, со што темнината доцни и луѓето можат подолго да уживаат во сончевата светлина.

Меѓутоа, во научните кругови оваа пракса одамна се доведува во прашање. Причината? Сè повеќе студии укажуваат на негативните ефекти врз здравјето на луѓето. Промената на часовникот го нарушува природниот биоритам, што може да предизвика несоница, хроничен замор, депресија, варијации во срцевата активност, па дури и дигестивни проблеми. Телото понекогаш треба и до две недели за целосно да се прилагоди на новиот ритам.

Дополнително, поместувањето на стрелките се поврзува и со зголемен ризик од сообраќајни незгоди, особено во есенските месеци, кога децата одат на училиште во темница.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран