ОВЕН
Очекувате многу од деловните разговори, но внимавајте на односите со претпоставените – директните конфронтации може да ја усложнат ситуацијата.
БИК
Емоционалната напнатост со партнерот ве тера да размислувате за дистанца. Искрен и смирен разговор може да ја разјасни причината за недоразбирањата.
БЛИЗНАЦИ
Патување на кратка релација и серија деловни разговори ви носат успешна завршница на важен проект што може да го подобри вашиот финансиски тек.
РАК
За да напредувате, потребно е да побарате поддршка од влијателна личност. Денес е вистинскиот момент да направите чекор што одамна го планирате.
ЛАВ
Вашата енергија привлекува многумина, но не сите се добронамерни. Чувајте ја приватноста и подгответе се за ненадејна средба која ќе ве изненади.
ДЕВИЦА
Ве привлекува личност која не е слободна. Бидете реални – не идеализирајте и насочете ја енергијата кон нешто што носи стабилност.
ВАГА
Добивате нови одговорности и ги прифаќате како предизвик. Желбата да се докажете е силна, но не бидете престроги кон себе.
ШКОРПИЈА
Планирате многу, но денес еден разговор или нечие искуство ќе ве натера да ги преиспитате идеите пред да продолжите понатаму.
СТРЕЛЕЦ
Работите се одвиваат поволно, а околностите ви одат во прилог. Очекувајте нови проекти и интересни познанства кои го отвораат патот напред.
ЈАРЕЦ
Планираното може да се одложи поради преоптовареност. Префрлете дел од обврските и искористете го денот за кратко закрепнување.
ВОДОЛИЈА
Се соочувате со нерешени односи со блиски пријатели. Искрен разговор е неопходен, иако решението не зависи целосно од вас.
РИБИ
Другите се потпираат на вашите одлуки, но не можете да им помогнете на сите. Не дозволувајте емоциите да влијаат врз деловните одлуки.























