УТРО.мк

Дневен хороскоп за четврток – 7 август: Тежок ден за еден хороскопски знак, додека друг ќе го доживее најголемиот деловен успех!

Дневен хороскоп за четврток – 7 август: Тежок ден за еден хороскопски знак, додека друг ќе го доживее најголемиот деловен успех!
Vero

ОВЕН

Денес ве очекува интересна динамика на работното место, особено поради поддршката што ќе ја добиете од личност која ќе дејствува како посредник меѓу вас и влијателен соработник. На емотивен план, сте целосно насочени кон партнерот – а тој кон вас.

БИК

Променливото расположение ќе ви го отежни фокусот на деловните задачи. Повеќе внимание ќе му посветите на љубовниот сегмент, каде што се појавуваат потреби за расчистување на ситни недоразбирања во врската.

БЛИЗНАЦИ

Неочекувани обврски ќе го нарушат вашиот план за релаксиран ден. Можно е да се појави проблем со документи или административни прашања. Во попладневните часови ќе се чувствувате заморно, па нема да бидете подготвени за деловни средби.

РАК

Ќе се обидувате да ги избегнете обврските и да се посветите на себе и на блиските. Ве очекува пријатна дружба попладне и навечер, но можеби ќе остане малку време за саканата личност. Сепак, денот ќе ви донесе задоволство.

ЛАВ

Потребен ви е добар баланс помеѓу деловните и приватните обврски. Со добра организација, ќе успеете да ги завршите сите задачи. Емотивно, денот носи пријатни изненадувања – можност за ново познанство или флерт.

ДЕВИЦА

Ќе бидете активни на повеќе фронтови – работа, пријатели, љубов. Иако распоредот ви е исполнет, со дисциплина и добра организација ќе успеете да посветите внимание на сите кои ви се важни.

ВАГА

Насобраниот замор ќе ве натера да посакате повеќе одмор и тишина. Работните обврски ќе ви изгледаат потешки од вообичаено, па внимавајте да не направите превид. Вечерта е погодна за опуштена средба со саканата личност.

ШКОРПИЈА

Вашите планови денес ќе се остварат токму онака како што сте замислиле. Работниот ентузијазам ќе ви донесе резултати, но и замор на крајот од денот. Сепак, ќе најдете енергија за пријатна вечер со друштво.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете оптоварени со бројни обврски – и професионални и домашни – па ќе се чувствувате растргнати. Потребна е јасна организација за да избегнете конфузија. Вечерта, посветете се на саканата личност за вистинско опуштање.

ЈАРЕЦ

Планирате емотивна средба со личност која ви е посебно значајна. Сепак, можно е деловните обврски да се појават ненадејно и да го нарушат вашиот распоред. Обидете се да најдете компромис.

ВОДОЛИЈА

Работните задачи ќе ги завршите брзо или ќе се обидете да ги реализирате од дома. Најмногу ви е потребен одмор и ментален мир. Денешниот ден е идеален за релаксација – особено во друштво на саканата личност.

РИБИ

Денес имате добри шанси за продуктивна комуникација со соработниците, но прашање е колку ќе бидете расположени целосно да се посветите на работата. Поголемиот дел од времето ќе го поминете во пријатно друштво и разговори со блиските.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран