
Младиот пејач Давид Грујевски е еден од финалистите на регионалното музичко шоу „Хајп Ѕвезди“, откако со одличен настап во полуфиналето освои 46 поени и го освои второто место во генералниот пласман.
Грујевски во полуфиналната вечер се претстави со безвременскиот хит „Ostala si uvijek ista“, песна која со децении важи за една од најемотивните балади, но и најтешки песни за изведување на балканската музичка сцена. Неговата интерпретација беше одлично прифатена од жирито и публиката, а дел од настапот е објавен и на социјалните мрежи.

Во текот на сезоната, Давид остави силен впечаток со своите настапи. Посебно внимание привлече неговата изведба на легендарната песна „Dodji“ од Парни Ваљак, која ја посвети на незаборавниот Аки Рахимовски. Претходно се претстави и со „Болиш“ од Мирза Селимовиќ, „Јовано, Јованке“ и „Као моја мати“, покажувајќи разновидност и сигурност на сцената, што беше приметено од страна на стручното жири.
Дел од полуфиналниот настап на Давид Грујевски може да се погледне на неговиот Инстаграм профил: https://www.instagram.com/reel/DZ2bqTfiqLw/
Давид важи за еден од фаворитите на големото финале на „Хајп Ѕвезди“ кое ќе се одржи на 28 јуни, а победникот ќе биде избран со гласовите на публиката. Гласањето се одвива преку официјалната мобилна апликација „Хајп Ѕвезди“, која е достапна за преземање преку App Store и Play Store.

















