
Волт Дизни, човекот кој го создаде Мики Маус и ја обликуваше модерната анимација, и децении по својата смрт останува обвиен со мистерии, митови и контроверзии. Едно од најчестите прашања е – дали неговото тело навистина е замрзнато?

Волт Дизни, роден како Валтер Елиас Дизни на 5 декември 1901 година во Чикаго, бил карикатурист, продуцент и визионер кој стана симбол на американската поп култура во 20 век. Неговите ликови, предводени од Мики Маус, обележаа генерации деца ширум светот.

Починал на 15 декември 1966 година, но интересот за неговиот живот не стивнува до ден-денес.
Според одредени биографии, Дизни бил поврзан со ФБИ и со тогашниот директор Едгар Џ. Хувер. Се тврди дека бил важен информатор и доставувал информации за луѓе од шоу-бизнисот, особено во периодот на страв од комунизам во САД.

Сепак, деталите за оваа наводна соработка остануваат делумно тајни, бидејќи дел од документите и понатаму се класифицирани.
Во текот на Втората светска војна, Дизни активно учествувал во создавање пропагандни филмови. Од 1942 до 1945 година, неговото студио продуцирало стотици кратки анимации наменети за американската војска.
























