УТРО.мк

(ВИДЕО) Пожар во Карпош рано утринава: изгореа два автомобила, жителите се сомневаат на подметнување

(ВИДЕО) Пожар во Карпош рано утринава: изгореа два автомобила, жителите се сомневаат на подметнување
Vero

Два автомобила целосно изгореа во раните утрински часови во скопската населба Карпош, откако избувна пожар на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет.


Пожарот избувнал околу 5 часот наутро, на локација каде биле паркирани десетици возила, што создало сериозен ризик од проширување на огнот и поголема материјална штета. Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, огнот бил локализиран навреме и спречено било негово ширење кон околните автомобили и објекти.


Станари од блиските згради сведочат дека непосредно пред да го забележат пожарот слушнале звуци налик на пукање, а почувствувале и силен, непријатен мирис, што дополнително ги засилило сомнежите за можно подметнување.
Огнот зафатил две возила кои целосно изгореле, додека другите автомобили во близина биле спасени од поголема штета.


Во непосредна близина на местото на настанот се наоѓа и Амбасадата на Унгарија, но засега нема информации дека објектот бил загрозен.
Надлежните служби извршиле увид на терен, а полицијата работи на утврдување на причините за пожарот. Засега нема официјална потврда дали станува збор за несреќен случај или намерно подметнување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран