УТРО.мк

CNN: Македонија е скриен балкански бисер со природа, гастрономија и прекрасни вина

CNN: Македонија е скриен балкански бисер со природа, гастрономија и прекрасни вина
Vero

Американската медиумска куќа CNN во својот туристички осврт ја издвојува North Macedonia како една од најатрактивните, но недоволно откриени дестинации во Јужна Европа, која нуди разновидни природни пејзажи, богата гастрономија и автентична културна традиција без масовен туризам.

Во текстот се посочува дека додека најголемиот дел од туристите во Европа се насочени кон Франција, Шпанија и Италија, Македонија претставува алтернатива за патници кои бараат поинакво и поавтентично искуство. Земјата е опишана како планинска дестинација со зелени падини, карпести предели и разновидни природни сцени кои се менуваат од регион во регион.

CNN ја нагласува и богатата гастрономска понуда, со традиционални јадења кои се разликуваат од долина до долина, како и поволната сончева клима која овозможува развиено земјоделство и производство на квалитетни вина, особено во регионот Тиквеш.

Во текстот се издвојуваат и Скопје со Старата чаршија, кањонот Матка, националните паркови и винските региони како главни туристички атракции. Според медиумот, комбинацијата од историја, природа и културни влијанија ја прави земјата компактна, но исклучително содржајна дестинација.

Посебен акцент се става и на традиционалната храна, како ајварот, бурекот, пастрмалијата и ќебапите, како и на ракијата, која е дел од локалната културна и гастрономска традиција. CNN наведува дека токму овие елементи, заедно со гостопримството и зачуваните обичаи, ја прават Македонија атрактивна за сè поголем број патници кои бараат автентични доживувања.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран